Зинедин Зидан го презеде тренерското столче на Реал Мадрид во јануари 2016 година по неуспехот на неговиот претходник, Рафа Бенитез.
Оттогаш наваму, Французинот го предводеше „кралскиот“ клуб во 135 натпревари, на кои запиша 97 победи (71,8%), 24 реми (17,8%) и само 14 порази (10,4%), а исто освои 8 престижни трофеи, пресмета „Мундо Депортиво“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во текот на овој период, откако Зидан е на чело на „кралевите“, само шест играчи одиграа повеќе од 100 натпревари за клубот.
Изненадувачки на прво место по бројот на натпревари е Лукас Васкез, со одиграни 109 меча, меѓутоа во повеќето случаи Шпанецот влегуваше како резерва.
Останатите петмина се Кристиано Роналдо и Иско со 105, Марсело и Крос – 103, и Карим Бензема со 101.
Од нив само Иско не е меѓу стартерите во составот на Зидан и почесто влегува од клупата, како што е случајот со Васкез.