Дома Фудбал Останато Ова не е првпат: Некогашниот играч на Реал Мадрид постојано плаче?!

Ова не е првпат: Некогашниот играч на Реал Мадрид постојано плаче?!

Некогашниот играч на Реал Мадрид, Фабио Коентрао баш и не сака тренерите да го менуваат.

Во 57. минута тренерот на Спортинг, Коентрао го изнесе од игра при водство на Лисабонците од 3:1 во Астана, во првиот меч од 1/16 во Лига Европа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Коентрао излезе од игра, но дури седна на клупата почна да плаче, па се обиде да го утеши претседателот на клубот, Бруно Карваљо.

Не е ова првпат сезонава Коентрао да почне да плаче кога ќе излезе од игра, исто беше во јануари кога го напушти мечот против Сетубал. Едноставно, тешко му падна фактот дека мора да излезе од теренот.

„Сакам да бидам шампион со својот Спортинг. Бев фрустриран и реагирав како што можевте да приметите. Машко сум, не машина“, истакна тогаш Кеонтрао, но сега во Астана навистина немаше причина да плаче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …