Дома Македонски спорт Мак фудбал Ова е човекот кој ќе му суди на Вардар против Розенборг

Ова е човекот кој ќе му суди на Вардар против Розенборг

kabakov

Вардар после високиот пораз од Зенит во првото коло во четврток ќе го одигра вториот натпревар во рамките од групната фаза во Лигата на Европа и тоа на гостински терен против Розенборг.

УЕФА веќе го соопшти и главниот судија за овој натпревар а тој е Георги Кабакаов, на кого ќе му помогаат Мартин Магаритов и Мартин Ванев, додека Никола Попов и Станислав Тодоров ќе бидат зад головите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Кабаков ова е дебитантски настап во едно европско натпреварување во групната фаза. Своето меѓунардно искуство тој најмногу го собираше судејќи во младинските категории од Лигата на шампионите, а судија со знакот на ФИФА е од пред четири години.

Кабаков има 31 година, а вреди да се истакне дека на само 19 години започнал да суди второлигашки натпревари во Бугарија, а на 21 веќе делел правда и во првата бугарска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…