Дома Фудбал Италија Ова е тајната на чудесниот Лацио сезонава

Ова е тајната на чудесниот Лацио сезонава

Тимот на Лацио сезонава е едно од најпријатните изненадувања во Европа, Лацио во овој момент на 14 кола пред крајот на Серија А има само еден бод помалку од лидерот Јувентус.

Лацио во својата историјата два пати го освои Скудетото, а последен пат тоа му успеа во 2000 година. Пред почетокот на сезона Интер се истакнуваше како тим кој може да ја загрози доминацијата на Јувентус и „нероаѕурите“ се тука блиску, додека Наполи е далеку назад. Затоа тука е Лацио кој игра неверојатен фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Лацио Клаудио Лотито со малку пари во споредба со она што го трошат конурентите успеа да направи еден сериозен и конкурентен тим. Лотито за Лацио вкупно во последните пет сезони потроши 200 милиони евра, што е само двојно повеќе од она што пр го вложи Јувентус за Кристиано Роналдо (105 милиони евра). Во тие пет години Лацио заработи 160 милиони евра, што значи дека минусот е само 40.

Лотито сега во италијанските медиуми го опиша Лацио како едно големо семејство во кое тој е командантот

„Во овој момент секој играч на Лацио ќе во каже дека сите сме едно големо семејств. Тоа не се само зборови, туку вистина. Фудбалерите се приватно нераздвојни, се случува да ми се јават и да ми кажуваат кој и на кого каква шега му направил. Меѓу нив не постои никакво ривалство, ривали ни се само противниците. Јас прифатив многу идеи за да се смени кубот во тренинг центарот и поради тоа имам огромна доверба во сите нив, а верувам дека и тие во мене. Знаат дека јас командувам со Лацио и за мене најважно е да соработувам со луѓе во кои имам неограничена доверба, тоа е случај во овој момент“, објасни Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…