Дома Топ вести „Ова е срамно, скандал!“ – Реал се жали на три големи грешки во дербито!

„Ова е срамно, скандал!“ – Реал се жали на три големи грешки во дербито!

TВ каналот на Реал Мадрид направи анализа на вчерашниот пораз на Реал против Атлетико Мадрид, а во анализата од таборот на „кралевите“ имаа големи замерки за арбитражата на судијата Хавиер Алберола Рохас.

Од Реал Мадрид потенцираат три големи грешки, прво сметаат дека имало прекршок од Ермосо врз Белингем во почетокот на акцијата кога Алваро Мората постигна гол за 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како втора грешка истакнуваат дека голот кој го постигна Камвинга за 2:2 не требало да биде поништен бидејќи Рудигер кој беше во офсајд не влијаеше на играта.

За трета грешка го истакнуваат стартот на Хименез врз Белингем кој го оценуваат како чист црвен картон.

Oд Реал го потенцираат и фактот што судијата Рохас е близок со синот на Хозе Марија Енрике Негреира, судијата поради кој се појави скандал во Шпанија затоа што бил на платниот список на Барселона.

„Знаевме што ќе се случи кога го дознавме името на судијата. Постојано се прават овие огромни грешки против Реал Мадрид. Да не заборавиме, овој судија е eден од оние кои користеа услуги од синот на Енрикез Негреира.

И покрај тоа што судот говори за систематска корупција, овие судии продолжуваат да делат правда. Па овој судија не е на нивото да дели правда на регионални натпревари.Ова е срамно, скандал! Три моменти комплетно го променија исходот на натпреварот“, стои во објаснувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еуфорија во Болоња: Се славеше историскиот пласман во ЛШ 🎥

Вчерашната победа на Аталанта против Рома значеше дека Болоња која зад себе има неверојатн…