Дома Топ вести ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Леонардо прави силен тим, во Париз пристигнува ГОЛЕМО засилување

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Леонардо прави силен тим, во Париз пристигнува ГОЛЕМО засилување

Повратникот на функцијата спортски директор во ПСЖ, Бразилецот Леонардо веќе почна да ја работи тактиката која би требало да резултира со доаѓање на неговиот сонародник Даглас Коста во Франција.

За таа цел веќе се сретна со агентите на Коста и им ја кажал желбата да го доведе фудбалерот кој две сезони помина во Торино, но не успеа да се наметне како сигурен член во стартните 11 и затоа размислува да ја промени средината. На рака му оди и тоа што новиот тренер Маурицио Сари нема ништо против тоа, меѓутоа, тоа е само првиот во низата на чекори кои треба да ги исполни пред доаѓањето во ПСЖ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот чекор е да дадат зелено светло од „Старата дама“, иако според пишувањето на италијанските медиуми не се очекува да се предомислат, туку ќе гледаат само да ги извлечат тие 40 милиони евра во договорот на Коста кога пристигна од Баерн. Третиот чекор се однесува на платата, за која Даглас очекува да биде поголема од таа која ја земаше во Торино, каде што заработуваше 6 милиони евра по сезона.

Се разбира, Парижаните тоа можат да го платат и затоа пристигнуваат позитивни сигнали од сите страни дека трансферот може да се реализира. Медиумите во Франција потсетуваат и на фактот дека во текот на првиот мандат на Леонардо бил исклучително успешен во доведување на играчи од Серија А, за тоа сведочат потписите на Ибрахимовиќ, Кавани, Тиаго Силва, Тиаго Мота, Верати, Лавеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…