Дома Фудбал Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го напушти клубот на лето, но се предомисли и ќе го води каталонскиот гигант и во следната сезона.

Мундо Депортиво пишува дека Чави ја променил одлуката поради играчите. „Огромната поддршка на играчите беше клучот за останувањето на Чави. Од првиот ден многу играчи отидоа во канцеларијата на Чави и се обидоа да го натераат да се премисли“, пишува каталонскиот весник.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година, а неговиот договор е до крајот на јуни 2025 година. За потсетување, Барселона во четврт-финалето беше елиминирана од Лигата на шампионите од ПСЖ, додека во Ла Лига на шест кола пред крајот на сезоната заостанува 11 бода зад лидерот Реал Мадрид. Барселона се прости од борбата за трофејот во Купот на кралот со тежок пораз од Атлетик Билбао во четврт-финалето (4:2).

Така, оваа сезона заврши, но тоа само значи дека Чави веднаш почнува да се подготвува за следната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…