Дома Фудбал Англија Ова е најтешкиот превизвик во сезоната: Вечерва Сити игра против БЕСНИ и РАНЕТИ лавови

Ова е најтешкиот превизвик во сезоната: Вечерва Сити игра против БЕСНИ и РАНЕТИ лавови

Вечерва „Топчиите“ ќе имаат можност за реванш, со оглед на тоа дека на „Емирати“ ќе гостува Манчестер Сити.

Навистина, овојпат не се игра за трофеј бидејќи на распоредот е средбата од 28. коло во англиската Премиер лига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако „Граѓаните“ и овојпат се фаворити, искусниот стопер во екипата на Гвардиола, Винсент Компани смета дека пред Сити е најтешкиот предизвик во досегашниот дел од сезоната.

„Моето мислење е едноставно. Мислам дека ова ќе биде најтешкиот меч во сезоната“, истакна Компани за Скај Спорт, па продолжи:

„Ако моето искуство вреди, ние вечерва играме против ранети лавови, кои во својот тим имаат голем квалитет. Во исто време, ние ќе направиме се во наша моќ да останеме немилосрдни како и досега.Меѓутоа, искуството ми кажува дека секогаш кога сакате да освоите трофеј губите 10% од фокусот и острината. Поради тоа што сте минале се низ емоции кои одат со освојување на трофејот. Сепак, нашата задача е да се бориме и да бидеме спремни за натпреварот“ , истакна искусниот Белгиец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингам: Овој натпревар е се или ништо за нас, играме за да го спасиме сезоната

Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заос…