Дома Фудбал Италија Ова е најдобар показател зошто сезонава гледаме силен Милан

Ова е најдобар показател зошто сезонава гледаме силен Милан

Во овој момент поголем број од играчите од Серија А се на одмор и се со семејствата со кои ќе ја прослават Новата година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, тоа не важи за Милан. Играчите на Милан денес самоиницијативно тренирале и покрај тоа што Стефано Пиоли соопштил дека тренингот е слободен и немаат обврска да се појават.

Како што тврди „Скај Спорт“ сите играчи се појавиле за да го одработат тренингот, не биле тука само Ибрахимовиќ, Чалханоглу и Кеси кои не можеа да се вратат во Италија.

Милан на 3. јануари ќе гостува кај Беневенто и судејќи според се лидерот во Серија А спремен ќе го дочека овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…