Дома Фудбал Англија Ова е начинот на кој Премиер лигата може да има пет екипи во ЛШ наредната сезона

Ова е начинот на кој Премиер лигата може да има пет екипи во ЛШ наредната сезона

Во недела од 17:00 часот ќе се одигра последното коло во Премиер лигата после кое ќе се знае расплетот околу тоа кој клубови ќе играат во Лигата на шампионите, покрај веќе сигурните шампионот Манчестер Сити и второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Со најголеми шанси пред почетокот на натпреварите се Челзи и Ливерпул, тука е Лестер кој ќе чека шанса и ќе зависи од резултатите на другите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клубовите според новото правило на УЕФА имаат право ако се освојувачи за настап следната сезона во ЛШ, но тоа право им се користи ако се подоле од топ 4. Ова е донесено за да не дојде до ситуација како во минатата сезона кога Англичаните имаа шест претставник во најелитното европското првенство.

Англија сега може да има пет претставници во ЛШ, но само на еден начин, а тој е следниот: Челзи да ја освои ЛШ и да не ја победи Астон Вила во последното коло за да заврши како петти, се разбира ако Лестер го победи Тотенхем. Пред Челзи во таков случај би биле Ливерпул и Лестер.

Ако Јунајтед ја освои Лигата Европа со победа против Виљареал во финалето од Лигата на Европа нема да го искористи правото за настап во ЛШ од таму затоа што е веќе второпласиран во ПЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо повторно казнет во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо минатата недела повторно беше исклучен во натпреварот од Суперкупот на …