Дома Останати Тенис Ова е доказ дека Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер на сите времиња

Ова е доказ дека Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер на сите времиња

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ стана единствен во историјата кој на сите три подлоги во затворено и отворено, има процент на победи од најмалку 80%.

Со пет победи во Берси, Ѓоковиќ дојде точно на таа граница на затворено и стана првиот тенисер во Опен ерата кој успеал да обедини таква констатност во споменатите категории.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ѓоковиќ во француската престолнина дојде со 187 победи и 48 порази во затворените арени, што е 79.6% успешност. Со победите над Ечвери, Грикспор, Руне, Рубљов и Димитров успеа да дојде на 80% и да ја освои титулата.

Неколку тенисери се подобри од него во услови во затворено како Бјорн Борг (80.6), Роџер Федерер (81), Џими Конорс (81.6), Иван Лендл (83) и Џон Мекинро (85:3), меѓутоа Ѓоковиќ е единствен кој надминал 80% на отворено и затворено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал кој е рекордер на Ролан Гарос,годинава го заврши турнирот уште  во првото кол…