Дома Топ вести Ова е главната трансфер цел на Милан – „росонерите“ спремија 50 милиони!

Ова е главната трансфер цел на Милан – „росонерите“ спремија 50 милиони!

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти е најголемото откритие во Серија А оваа сезона и со своите партии го привлече вниманието на многу клубови во Италија и Европа.

Белоти заработи и повик во италијанската репрезентација каде на три натпревари постигна исто толку голови, па несомнено е дека станува збор за најдобриот италијански напапаѓ во моментов.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Торино му спреми нов договор и откупна клаузула од 90 милиони евра, но јасно е дека нема да може да го задржи и дека Белоти ќе биде ѕвезда на трансфер пазарот следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најголем интерес за младиот напаѓач покажува Милан кој е спремен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.

Имено, „росонерите“ се спремни да го продадат Карлос Бака кој веќе има 30 години и на негово место да го донесат многу помладиот Андреа Белоти.

Притоа стратегијата на клубот е да има што повеќе Италијанци во својот тим, па Белоти би претставувал иднина на Милан заедно со Донарума, Ромањоли, Де Шиљо, Калабрија, Локатели, Нианг и Сусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…