Уругваецот беше стрелец во првиот натпревар на италијанскиот тим.
Во престолнината на Мадрид полека се припремаат за реваншот против „старата дама“ кој е закажан за неделата која следи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико Мадрид има голема предност од 2:0, но вторникот и средата видовме натпревари со неверојатни пресврти, па поради тоа тимот на Симеоне мора да биде внимателен.
Сега пристигнуваат навистина лоши вести за „јорганџиите“. Човекот кој е столб на одбрната и лидер на тимот, Диего Годин би можел да го пропушти реваншот во Торино.
Искусниот Уругваец се повредил на тренингот каде што добил удар во бутниот мускул и неговиот настап како што пишуваат шпанските медиуми е ставен под голем знак прашалник.
Нема соменвање дека неиграњето на Годин ќе биде тежок удар за Атлетико на кого му претстои трка со времето да го спреми Годин за натпреварот во вторник. Треба да се истакне дека во колото кога Атлетико го победи Јувентус Годин беше избран за играч на колото.
Инаку, овој фудбалер веќе од наредната сезона се очекува стане голем противник на Јувентус бидејќи на големо се пишуваше за неговиот трансфер во Интер кој е скоро договорен. Во медиумите се појавуваа информации и за должината и платата која Годин ќе ја добива „Меаца“ каде што пристигнува како слободен играч.
https://www.youtube.com/watch?v=3u_579X_-o0