Барса на прв поглед има солидна позиција – втори со во Примера, додека во ЛШ имаат победа и реми против Борусија.
И покрај тоа што резултатите не се толку лоши. Многумина ќе се сложат дека Барселона оваа сезона не игра добро, како сите да чекаат од Меси со некоја магија да ги спаси работите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата сезона Барселона беше шампион во Ла Лига, но во Лигата на шампионите шокантно испаднаа од Ливерпул после победа во првиот натпревар од 3:0. Доаѓањето на Антоан Гризман требаше да означи почеток на нова победничка ера во каталонскиот клуб. Меѓутоа Французинот на почетокот не ги оправдува очекувањата.
Во седум натпревари во шпанското првенство постигна три гола, додека во Лигата на шампионите се уште не постигнал гол.
Повеќе од статистиката навивачите ги загрижува неговата неубедливост на теренот. Во исто време Гризман игра одлично во репрезентацијата. Причината за лошата игра на Гризман во Барселона може да се крие во споредбата на графичкото движење на теренот во двата тима.
На левата страна на фотографијата е просторот во кој Гризман се движи кога игра за репрезентацијата, а на десната кога го носи дресот на Барселона.
Antoine Griezmann con la Francia de Didier Deschamps (imagen 1) y Antoine Griezmann con el Barça de Ernesto Valverde (imagen 2). pic.twitter.com/fGGZsamzb2
— Albert Ortega (@AlbertOrtegaES1) October 14, 2019
Не е тешко да се воочи колку помал простор покрива Гризман кога игра за клубот во однос на она што го игра во селекцијата на „Триколорите“.