Дома Фудбал Репрезентации Објавен списокот на „фуријата“ – повик доби човекот кој предизвика собраќајка во која почина 19 годишна девојка

Објавен списокот на „фуријата“ – повик доби човекот кој предизвика собраќајка во која почина 19 годишна девојка

spain

Селекторот на „црвената фурија“ го соопшти списокот за пријателските натпревари.

Хуан Лоптеги го објави списокот на фудбалери на Шпанија на кои ќе смета на пријателските натпревари против Германија (23 март) и Аргентина (27 март).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во центарот на вниманието е Маркос Алонсо кој конечно ќе дебитира за националниот тим на 27 години.

Меѓутоа навивачите во Шпанија од поодамна се против него бидејќи јавноста не заборава дека Алонсо учествуваше во собраќајна несреќа во која животот го изгуби една девојка.

Тој случај од мај 2011 е „заборавен“, односно ставен „под тепих“. Алонсо во алкохолизирана состојба со дури 0.93 промили алкохол управувал со возилото со кое се движел со повеќе од 120 километри на час и така предизвикал собраќајка во која почина 19 годишна девојка.

Алонсо подоцна беше ослободен од обвинението. Доби казна затвор во период од 21 месец која подоцна беше заменета со парична од 61.000 евра и одземање на возачката на три ипол години.

Во Шпанија сметаат дека Алонсо му било прогледано низ прсти поради неговото славно семејство бидејќи неговиот татко и даде ги го носеа дресот на репрезентацијата, па останува да видиме како публиката ќе реагира на „Ванда Метрополитано“ на 27 март против Аргентина.

Покрај него дебитанти се уште: Дани Парехо и Родриго од Виљареал. Интересно е што го нема Алваро Мората и на негово место повик доби Диего Коста.

„Ова не е конечен список за Мундијалот, туку список на играчи кои сега се во најдобра форма. Мората имаше проблеми, ќе видиме има уште време“, објасни Лоптеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …