Бразилецот Робињо беше уапсен во четвртокот вечерта во Сантос по наредба на Судот во Бразил и беше однесен во затвор каде ќе треба да одлежи деветгодишна казна за силување. Во јавноста беше објавено и видео од неговото апсење.
Робињо беше осуден во отсуство во Италија, но сметаше дека е безбеден во својата татковина бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани. Сепак, италијанското правосудство побара поранешниот играч на клубови како Реал Мадрид и Милан да ја отслужи казната во Бразил, па беше уапсен за делото што се случи на крајот на јануари 2013 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тогаш Робињо, неговиот пријател Рикардо Фалко, како и уште четворица мажи силувале млада девојка во тоалетот на ноќен клуб во Милано, а обвинетите се бранеле дека врската се одвивала со согласност.