После завршивањето на кошаркарската кариера, Коби Брајант се посвети на семејството и многу време поминуваше со ќерката Џиана која беше исклучително талентирана за кошарка.
Коби често со гордост зборуваше дека Џиана ќе биде негов наследник и дека ќе има голема кошаркарска кариера, па го користеше секој момент за да и помага во тренинзите и со совети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двајцата тргнаа на натпревар на еден турнир каде учесвуваше женскиот тим кој го водеше Барајант, а играше неговата ќерка Џиана, но нивниот последен лет заврши трагично.
Американските медиуми утрово ги објавија последните фотографии кои Коби ги направил заедно со својата ќерка Џиана, во саботата навечер.