Дома Фудбал Англија Откриено кој, колку заработува на „Енфилд“ – Салах на врвот!

Откриено кој, колку заработува на „Енфилд“ – Салах на врвот!

Весникот „Мирор“ продолжува да ги објавува платите на водечките тимови во Премиер лигата, па сега на ред дојде Ливерпул.

Минатата сезона Ливерпул беше на трето место според платите на играчите во Премиер лигата, а вкупните трошоци по оваа ставка изнесуваа 208 милиони фунти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега износот сигурно е повисок, ако се има предвид дека главни фудбалери како Мохамед Салах и Роберто Фирмино парафираа нови договори и ќе останат на „Енфилд“ до 2023 година.

Токму тие двајца се лидери во соблекувалната кога се платите во прашање.

Целосен список на платите на Ливерпул:
Мохамед Салах – 200 илјади фунти неделно
Роберто Фирмино – 180.000 фунти неделно
Садио Мане – 150.000 фунти неделно
Вирџил Ван Дајк – 150.000 фунти неделно
Алисон Бекер – 120.000 фунти неделно
Џордан Хендерсон – 120.000 фунти неделно
Џејмс Милнер – 120.000 фунти неделно
Наби Кеита – 120.000 фунти неделно
Даниел Стариџ – 120.000 фунти неделно
Фабињо – 100 илјади фунти неделно
Дејан Ловрен – 90.000 фунти неделно
Џорџино Вајналдум – 90.000 фунти неделно
Ендрју Робертсон – 80.000 фунти неделно
Џо Гомез – 75.000 фунти неделно
Џоел Матип – 70.000 фунти неделно
Натаниел Клајн (позајмица во Бурнемут) – 70.000 фунти неделно
Адам Лалана – 65 илјади фунти неделно
Симон Мињоле – 60 илјади фунти неделно
Дани Ингс (позајмица во Саутемптон) – 60.000 фунти неделно
Трент Александар-Арнолд – 50.000 фунти неделно
Алберто Морено – 40.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…