Дома Фудбал Останато Објавени нови фотографии од остатоците на авионот на Сала! (ФОТО)

Објавени нови фотографии од остатоците на авионот на Сала! (ФОТО)

Eмилијано Сала оваа зима со трансферот од Нант во Кардиф стана најскапото засилување за овој клуб, меѓутоа за жал никогаш не заигра за англискиот клуб.

Сала после потпишувањето на договорот одлучи да направи трансфер од Нант во Кардиф. Аргентинецот го комплетираше трансферот, па се врати во Франција да се поздрави со своите соиграчи од Нант, на враќањето кон Кардиф авионот со кој леташе се сруши во водите на англискиот канал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После неколку недели потрага неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот на морското дно, а после идентификацијата и обдукцијата Сала беше погребан во неговата родна Аргентина.

Денес беа објавени нови фотографии од авионот во кој е пронајден Емилијано Сала и еден краток извештај.

Привремениот извештај го потврди она што долго време се пишуваше, а тоа е дека авионот немал дозвола за превезување на патници, но и дека не побарал одобрување за летање во таква ситуација. Потврдено и е дека пилотот имал дозвола само за приватни летови, но не и за комерацијални (за пренесување на патници).

Исто така е откриено дека авионот бил на голема вистина кога започнал да се спушта и дека со голема брзина удрил во водата откако претходно пилотот два пати барал дозвола да се спушти на пониска висина поради проблемите со видливоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…