Плејмејкерот на Хјустон, Џејмс Харден, најдобриот играч на Кливленд, Леброн Џејмс, и центарот на Њу Орлеанс – Ентони Дејвис, се финалисти во изборот за најкорисен кошаркар во сезоната 2017/18, соопшти НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
НБА ги објави финалистите за сезонските награди за регуларната сезона. „Дебитант на годината“, „Шести играч на годината“, „Дефанзивец на годината“, „Најпрогресивен играч“ и „Тренер на годината“.
Кандидати за тренер на годината се Двејн Кејси, кој неодамна доби отказ од Торонто, Квин Снајдер (Јута) и Бред Стивенс (Бостон), додека во конкуренција за најдобар дефанзивец се Руди Гобер (Јута), Џоел Ембид (Филаделфија) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс).
Дебитант на годината
Донован Мичел (Јута)
Бен Симонс (Филаделфија)
Џејсон Тејтум (Бостон)
Најдобар шести играч
Ерик Гордон (Хјустон)
Фред Ван Флит (Торонто)
Лу Вилијамс (Л.А. Клиперс)