Вечерва беа објавени номинациите за овогодинешната престижна награда „Златна топка“, каде за прв пат после 2003 година го нема Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Двајцата се рекордери по бројот на освоени „Златни топки“, а ова е јасен знак дека доаѓа нова ера во фудбалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.
Меѓу номинираните се уште: Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингем, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Родри, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханолу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.
Победникот ќе биде избран на 28 октомври, кога ќе се одржи официјалната церемонија на трофејот во Париз.
They're all here!
— Ballon d'Or (@ballondor) September 4, 2024
But… who should win it? #ballondor pic.twitter.com/SrkHBrJtuI