Дома Фудбал Останато Објавени две нови фотографии од Роналдињо во затворот (ФОТО)

Објавени две нови фотографии од Роналдињо во затворот (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвор откако со лажни документи влезе во Парагвај.

Роналдињо и неговиот брат Роберто се наоѓаат во парагвајскиот затвор Асунсион и го чекаат судењето. Тие се обвинети дека со лажни пасоши влегле во Парагвај и се ставени во притвор откако судот процени дека можат да ја напуштат земјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе се појавија првите фотографии од легендарниот играч на Барселона. Парагвајските медиуми пишуваат дека Роналдињо е добро расположен, како и дека поголемиот дел од времето го минува во дворот на затворот.

Исто така веќе запознал многу затвореници на кои сега во негово друштво сигурно деновите побрзо им минуваат. Објавени се и две нови фотографии од Роналдињо.

Инаку денес се појави вест дека Меси ангажирал адвокати и е спремен да плати колку што е потребно за да го извади својот идол од затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …