Дома Фудбал Англија Обложувалниците тврдат: Конте е пред отказ во Челзи!

Обложувалниците тврдат: Конте е пред отказ во Челзи!

После неколкуте лоши резултати на Челзи, обложувалниците значително ги намалија квотите за отказ на Антонио Конте.

Моментално квотата за отказ на Конте е 6.00, а некои обложувалници веќе не примаат облози бидејќи се верува дека лош резултат викендов против Лестер ќе значи и отказ за Италијанецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако е само почеток на сезоната и Конте е врзан со богат договор, воопшто нема да биде чудно доколку Абрамович одлучи да го избрка, бидејќи тоа често се случуваше во минатото.

Русинот веќе 12 години е прв човек на Челзи и е познат по тоа што често ги менува тренерите, а некои од нив како Виљас-Боаш и Сколари останаа на клупата само неколку месеци.

Челзи после Лестер го очекуваат натпревари со Евертон и Мидрлсбро, па медиумите се сигурни дека во овие три натпревари ќе се одлучува судбината на италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…