После завршувањето од групната фаза светските обложувалници објавија нови коефициенти за победникот во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Веќе три години, Реал Мадрид е тимот кој доминира во Европа и освои три титули во низа, но оваа година обложувалниците поради моменталната форма не веруваат дека „кралевите“ можат до четврти трофеј во низа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал Мадрид едноставно оваа година не истиот тим од минататите сезони, тоа го покажа и последниот убедлив пораз на „Бернабеу“ од ЦСКА Москва (0:3).
Оваа сезона прв фаворит за најпосакуваниот клупски трофеј во Европа е тимот на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити.
Обложувалниците на „граѓаните“ им доделуваат коефициент 4, зад Сити следува Барселона со 5.5, а потоа италијански Јувентус со 6.5. Петорката фаворити ја комплетираат ПСЖ со 8 и Ливерпул со 10.
Подолу следат Баерн со 11, па бранителот Реал Мадрид со коефициент 13…
За аутсајдер во нокаут фазата букмејкерите го сметаат Шалке кој е последен со коефициент 151.