Дома Фудбал Останато Обвинувања за „старата дама“: Ако имаше ВАР во 1998 ќе беше под контрола на Јувентус

Обвинувања за „старата дама“: Ако имаше ВАР во 1998 ќе беше под контрола на Јувентус

djorkaef

Торински Јувентус важи за клуб кој на кој или сте негов фан или воопшто не го сакате, посебно е така поради бројните скандали со кој овој клуб се поврзуваше во минатото.

Еден од навредените фудбалери е поранешниот играч на Интер и репрезентативец на Франција, Јури Џоркаеф кој од 1996 до 1999 година го носеше дресот на Интер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џоркаеф не може да ја преболи ситуацијата од 1998 година кога Јувентус ја освои титулата пред Интер, а Французинот смета дека „нероаѕурите“ би биле шампиони таа година ако судењето било чесно.

„Таа сезона беше полна со мали скандали. Дури и ВАР да постоеше таа година ќе беше под контрола на Јувентус. Сигурен сум дека ќе ја освоевме титулата ако првенството беше чесно“, изјави Џоркаеф.

Францускиот фудбалер таа година на крајот сепак освои еден трофеј со Интер. Го освои Купот на УЕФА, а во 1999 година направи трансфер во Каизерслаутен.

Покрај овие екипи во кариерата го носеше дресот уште на: Гренобл, Стразбур, Монако, Пари Сен Жермен, Болтон, Блекбурн.

Играше и во САД за Матростарс и Њујорк Ред Бул каде што во 2006 година ја заврши големата кариера.

Најголемиот успех во неговата кариера му е освојувањето на Светското првенство со репрезентацијата на Франција, како и е Европското две години подоцна.

Во дресот на Интер одигра 127 натпревари и постигна 39 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…