Денес започна делото против 11 италијански клубови и 61 директор за фалсификување на капиталните приходи од трансферите на фудбалери.
Јувентус и Наполи се меѓу клубовите кои се обвинети дека лажно прикажувале финансиски податоци при трансферите на фудбалерите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На првото сослушување федералниот обвинител побара огромни финансиски казни за клубовите и суспензии за раководствата.
Како што наведува „Газета дело Спорт“, обвинителот барал финансиска казна за Јувентус, како и суспензија на една година за претседателот Андреа Ањели, шест месеци за директорот Федерико Черубини, како и осум месеци за Павел Недвер и Маруцио Аривабене.
Исто така е побарана суспензија и на некогашниот спортски директор на Јувентус, Фабио Патрицио од 16 месеци, кој во моментов е во Тотенхем.
Од друга страна за Наполи е побарана суспензија од 11 месеци за претседателот Аурелио Де Лаурентис, како и суспензија за неговата фамилија.
Покрај овие два клуба, побарани се казни и за Џенова, Сампдорија и Емполи.
🚨 The request of the Public Prosecutor's Office of the FIGC in the plusvalenze trial:
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) April 12, 2022
– Agnelli 12 months suspension
– Paratici 16 months and 10 days suspension
– Arrivabene and Nedved 8 months suspension
– De Laurentiis 11 months and 5 days suspension#Juventus #Napoli pic.twitter.com/QNJqkH3LMK