Пјер Емерик Обамејанг во последниот ден од јануарскиот преоден рок одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата да ја продолжи во Арсенал.
Габонецот веќе на дебито за лондонскиот тим постигна погодок и покажа дека е големо засилување. Обамејанг имаше неколку богати понуди од Кина, но и од европските клубови, но на крајот се одлучи да потпише за Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Обамејанг за англиските медиуми истакна дека Хенрик Михтаријан е главниот „виновник“ што на крајот го избрал Арсенал. Михтаријан само неколку дена пред него пристигна на „Емирати“ и се чини не му било потребно долго време да го убеди некогашниот соиграч од Дортмунд и тој да пристигне во Арсенал.
„Ме повика неколку пати и ме праша дали ќе дојдам. Мене ме интересираше дали тој ќе потпише и ми кажа дека се е завршено и дека оди во Арсенал. Тоа беше главниот фактор што и јас на крајот пристигнав. Тоа е како повторна средба со братот, игравме во минатото и среќен сум што повторно носиме ист дрес“, истакна Обамејанг.