Дома Фудбал Англија Обамејанг нема да дебитира викендов за Челзи, чека клубот да му најде маска

Обамејанг нема да дебитира викендов за Челзи, чека клубот да му најде маска

Во последниот ден од преодниот рок, Пјер Емерик Обамејанг ја напушти Барселона и се врати во Премиер лигата каде што сега ќе го носи дресот на Челзи.

Меѓутоа Обамејанг ќе почека на дебито додека не му се најде специјална маска. Имено, Габонецот заработи сериозна повреда на вилицата при грабежот во неговиот дом минатата недела и сега не смее да игра без заштита.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Обамејанг во моментов не тренира, мораме да му најдеме маска за заштита на вилицата, со работа ќе почне наредната недела. Се надевам дека ќе игра со формата која јас го познавам. Тој може да ни донесе брзина, голови и работа со топка, сигурно дека е големо засилување за нас“, изјави Тухел.

Ќе потсетиме, Тухел и Обамејанг во минатото соработуваат во Германија додека двајцата беа дела од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…