Обамејанг сака да замине и во тоа нема дилеми. Како овој пат ќе реагира управата на Борусија?
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Управата на Борусија Дортмунд изминатото лето добиваше фантастични понуди за Пјер Емерик Обамејанг, но сепак одлучи да го задржи во своите редови.
Се случуваше Габонецот да влезе и во конфликт со управата, беше и суспендиран, а капката која ја прели чашата беше црвениот картон против Шалке во кој Борусија имаше предност од 4:0, но на крајот натпреварот заврши со резултат 4:4.
„Билд“ сега пренесува дека Обамјенаг го известил својот менаџер дека сака да замине во јануарскиот преоден рок, а наводно има и клубови кои се спремни да испратат понуда.
Според „Билд“ тука се Јирген Клоп и Антонио Конте.
Челзи и Ливерпул го сакаат овој одличен стрелец, Клоп веќе соработуваше со него и добро го познава. Обамејанг има договор до 2020 година и неговата цена сигурно не е ниска и нема да изнесува помалку од 70 милиони евра.
Во овој момент Обамјенаг е втор стрелец во Бундеслигата со 11 погодоци.