Дома Топ вести Обамејанг на социјалните мрежи го откри својот трансфер (видео)

Обамејанг на социјалните мрежи го откри својот трансфер (видео)

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг додатно ги подгреа шпекулациите за негов трансфер во Арсенал со својата објава на социјалните мрежи.

Пред неколку часа Обамејанг имаше приклучување во живо од својот Инстаграм каде беше со неговиот соиграч Санчо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можеш ли еден ден да ме одведеш во Лондон?“, праша Обамејанг, што беше примено како јавен повик за негов трансфер на „Емирати“.

Вчера Габонецот тренираше со тимот на Борусија Дортмунд, но можно е во секој момент да се качи на авион за Лондон.

Медиумите тврдат дека Арсенал го сака Обамејанг како наследник на Алексис Санчез и е спремен да плати 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…