Дома Фудбал Англија Обамејанг најголем губитник: Потер ги избрал фудбалерите за Лигата на шампионите

Обамејанг најголем губитник: Потер ги избрал фудбалерите за Лигата на шампионите

Челзи доведе седум засилувања во овој преоден рок, а веднаш потоа медиумите најавуваа дека тренерот Греем Потер ќе биде на „слатки маки“ при изборот на фудбалери кои ќе ги користи за Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубовите ќе имаат право на три замени за вториот дел од европската сцена и тоа значи дека Челзи нема да може да пријави четворица од новите играчи.

Според последните информации Потер одлучил пријавени да бидат Енцо Фернандез, Михајло Мудрик и Жоао Феликс кој е на позајмица.

Од трибините натпреварите во најелитното европско натпреварување ќе ги следат Бадијашил, Фофана, Сантош и Мадуеке.

Најголем губитник е Габонецот Пјер Емерик Обамејанг кој е приморан да го отстапи своето место за да има место за трите засилувања. Интересно е што Хаким Зијеш кој беше пред трансфер во ПСЖ и само поради тоа што документацијата не стигна на време остана во Челзи се најде на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …