Дома Фудбал Англија Обамејанг за смешниот офсајд: Се зачудив

Обамејанг за смешниот офсајд: Се зачудив

Вчера во дербито на колото во Премиер лигата Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите (1:1).

Голот за Арсенал го постигна Пјер Емерик Обамејанг во второто полувреме. Габонецот после една грешка во одбраната на Јунајтед се најде во супер шанса и излезе еден на еден со чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“. Обамејанг ја искористи таа прилика и погоди за изедначување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


При таа позиција помошникот на главниот судија Кевин Френд досуди недозволена позиција. Меѓутоа при прегледувањето на снимката стана јасно дека направи огромна грешка. ВАР секако реагираше и голот на Френд беше признат.

„Ја земавме топката и добив одличен пас. Бев сигурен дека не сум во офсајд, се изненадив кога беше кренато знаменцето. Акцијата ја завршив затоа што бев сигурен дека не е во офсајд. Чудно е кога треба да чекаш и не можеш да славиш веднаш“, изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…