Дома Фудбал Нуно Тавареш најави добра сезона во Арсенал 🎥

Нуно Тавареш најави добра сезона во Арсенал 🎥

Арсенал денес во пријателски натпревар против шкотски Ренџерс ремизираше 2:2.

Откако пред неколку дена беа поразени од Хиберниан со (2:1) во натпревар во кој промашија голем број шанси, Арсенал овој пат избегна пораз во самиот финиш.

До водство Ренџерс стигна во 14 минута кога Балогун погоди за 1:0, а предноста на шкотскиот шампион кратко траеше. Арсенал дојде до изедначување во 23. минута. Новото засилување за „топџиите“, Португалецот Нуно Тавареш одлично помина по левата страна и постигна гол за 1:1.

Овој резултат се задржа до 75. минута кога Ренџерс дојде до водство од 2:1. Стрелаше Итен. Сепак, Арсенал успеа да го избегне поразот со голот на Еди Никетиах осум минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 20 фудбалерки во Грузија: Милеска ги избра силите за европските квалификации

Македонската женска селекција до 17 години ја очекуваат три квалификациски дуели во Тбилис…