Дома Фудбал Ноќна мора за Кралевите, се повреди и Лука Модриќ

Ноќна мора за Кралевите, се повреди и Лука Модриќ

Реал Мадрид синоќа доживеа тежок пораз во пријателскиот натпревар од Атлетико Мадрид со 7:3.

Кралскиот клуб доживеа вистинска бламажа против градсиот ривал и еден од најтешките порази во историјата. Реал Мадрид едноставно не личеше на тим, а дополнителни проблеми за Зидан е се подолгата листа на повредени играчи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Против Арсенал тешка повреда заработи Марко Асенсио, кој најмалку пола година ќе биде надвор од терените, а синоќа се повредија уште двајца играчи на Реал.

Во 30. минута теренот го напушти Лука Јовиќ, а кон средината на вториот дел играта мораше да ја напушти Лука Модриќ. Според првичните информации Јовиќ е сериозно повреден и го чека подолга пауза, а за Модриќ се уште нема информации.

Како што пренесува Марка, Модриќ после еден час игра се пожалил на болки во коленото и побарал замена. Денеска ќе бидат извршени дополнителни прегледи со што ќе се утврди тежината на повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…