Дома Фудбал Италија НОСТАЛГИЈА: Еве како изгледаше Калчото на „Телма“ (ВИДЕО)

НОСТАЛГИЈА: Еве како изгледаше Калчото на „Телма“ (ВИДЕО)

Во недостаток на спортски случувања, денес решивме да ве вратиме неколку години наназад и да разбудиме во вас носталгични сеќавања.

Познато дека е во Македонија има навистина голем број фанови на клубови од Серија А, а голем „виновник“ за тоа е телевизијата „Телма“ која до пред 7-8 години 16 години во низа ги пренесуваше случувањата од најквалитетното италијанско првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Верувам и кај вас како и кај мене овие видеа будат носталгични чувства. За жал денес најдобрите фудбалски првенства ги слушаме со српски коментар (со исклучок на МТВ која врши некои преноси), а новите генерации нема да знаат колку убаво време беше. Треба да се заблагодариме и до Бранко Илиевски и Стево Костовски (веројатно има уште некој) кои на фантастичен начин ни ги пренесуваа случувањата на теренот.

Благодарение на каналот „маркоасрома“ имаме можност да се потсетиме. Ние ви нудиме неколку видеа, а доколку носталгијата во вас се разбуди уште повеќе на каналот имате прилика да изгледате навистина голем број видеа. Уживајте..

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…