Ракометарите на Норвешка вечерва ја победија Словенија со 33:30 и така го обезбедија првото место во групата.
Норвешка и Словенија имаа директен дуел за првото место во групата, а на крајот Норвежаните успеаа да слават. Тоа значи дека Норвешка ќе игра против Хрватска, додека Словенија ќе оди на дуел со Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Словенците добро се држеа во првото полувреме и изгледаше дека ова ќе биде еден неизвесен натпревар. После првите 30 минути, Норвежаните водеа со 14:13.
Но во продолжение од натпреварот Норвешка успеа да направи посериозна предност. Овој тим имаше пет голови предност, но во финишот ги искомплицира работите. Словенија дојде на 30:29. Сепак до крајот Норвешка не ја испушти предноста, ги казни грешките на Словенците и дојде до победа од 33:30.
Полуфунални двојки:
Норвешка – Хрватска
Словенија – Шпанија