Дома Фудбал Останато Норвешка му забрани на Халанд да дава изјави

Норвешка му забрани на Халанд да дава изјави

Eрлинг Халанд на фантастичен начин ја започна својата авентура во Борусија Дортмунд, на три натпревари постигна седум голови и така најави блескава иднина.

Халанд ќе биде главен играч на репрезентацијата на Норвешка во баражот за Европското првенство во полуфиналето на разигрувањето во кое Норвежаните ќе играат против Србија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во намера да го заштити 19 годишниот фудбалер и да му обезбеди што поголем мир Фудбалскиот Сојуз на Норвешка му забрани на Халанд да дава било какви изјави пред баражот кој на програмата е кон крајот на март.

Халанд има дозвола само да даде изјава за телевизија „ТВ2“ која ги има правата за преност на селекцијата на Норвешка.

Во текот на зимскиот преоден рок Халанд премина од Салзбург во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра и ако денот по утрото се познава „милионерите“ завршија одлична работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…