Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во четврфиналето на Ролан Гарос откако претходно славеше победа со 3:0 против Германецот Штруф.
Првиот светски рекет славеше со максимален резултат од 3:0, по сетови 6:3, 6:2, 6:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во првиот сет се играше гејм за гејм, па Ноле при резултат 4-3 направи брејк и сетот лесно го донесе до крајот. Во другите два сета противникот освои само четири гејма и Србинот рутински оствари висока победа.
Ѓоковиќ во следната рунда силите ќе ги одмери со победникот од дуелот помеѓу Германецот Александер Зверев и Италијанецот Фабио Фоњини кој е на распоредот денеска.
Record breaking day.@DjokerNole reaches the quarterfinals with a 6-3 6-2 6-2 win over Struff.
? https://t.co/MsrtQ77nvT#RG19 pic.twitter.com/eGSTfiiPW7
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 3, 2019