Само неколку дена откако што останаа без најскапиот играч во историјата, ПСЖ доживеа уште еден тежок удар.
Имено, тренерот на ПСЖ, Унаи Ермери после синоќешниот дуел со Марсеј откри дека крилниот напаѓач Мбапе добил незгоден удар во глуждот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мбапе доби удар во глуждот. Бараше да не игра во второто полувреме. Се надевам дека не е сериозно. Прво ќе размислувам во сабота за Троја, а потоа за Реал“, потвди Емери.
Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе е под знак прашалник за дуелот со Реал Мадрид, што ќе биде уште еден голем удар за „светците“.
Дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите на програмата е во вторник на 6-ти март.