Дома Топ вести Нов удар за Реал: Се повреди Серхио Рамос!

Нов удар за Реал: Се повреди Серхио Рамос!

Шпанија ја победи Албанија со 2-0, но гостувањето во Скадар, но на натпреварот повреда заработи дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На десет минути до крајот на натпреварот Серхио Рамос ја напушти играта, а по мечот тренерот на Реал, Зинедин Зидан, ја слушна лошата вест, дека капитенот на неговиот тим ги повредил лигаментите во коленото и дека најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени.

Повредата на Рамос само ги зголеми проблемите со кои се соочува Зидан со повредените играчи, бидејќи надвор од тимот се Модриќ, Касемиро и Марсело.

Во Реал се надеваат дека Модриќ и Рамос ќе бидат подготвени за градското дерби со Атлетико кое на програмата е на 20 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…