Изминатата ноќ беа одиграни пет натпревари во НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хјустон без Џејмс Харден кој беше трејдуван во Бруклин Нетс славеше на гости кај Сан Антонио Спарс со 109:105. Рокетси покажаа дека можат без Харден, предводени беа од Вуд кој имаше 27 поени и 15 скокови, Браун додаде 23 поени и седум скокови. Најефикасен кај Спарсите беше Џонсон со 29 поени.
Никола Јокиќ продолжи да доминира па во победата од 114:104 на Денвер над Голден Стејт стигна до нов трипл-дабл. Српскиот репрезентативец уфрли 23 поени и запиша уште 14 скокови и 10 асистенции. Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 35 поени и додаде 11 скокови.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Мајами 125:108, Сан Антонио – Хјустон 105:109, Торонто – Шарлот 111:108, Денвер – Голден Стејт 114:104, Портланд – Индијана 87:111