Поранешната министерка за спорт на Франција, Роксана Марачинеау објави дека оваа земја го усвоила предлогот за задолжителна вакцинација за сите спортисти и актери на спортските терени.
Таа соопшти дека законот се уште не е прогласен, но дека наскоро тоа ќе се случи и ќе се бара задолжителна вакцинација за влез во јавни простории како стадион, театар, спортска сала…Нема да има исклучок како што имаше за странски државјани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ќе работиме заедно за подобро здравје и ќе бидеме амбасадори на овие мерки на меѓународно ниво“, се наведува во соопштението.
Ова значи дека Ѓоковиќ нема да може да учествува и на Ролан Гарос, а тоа беше и единствениот гренслем досега каде што можеше да се настапи без вакцина според сегашните правила.