Дома Останати Кошарка НБА Нов рекорд на Дончиќ, Харден уфрли 50 поени, па упропасти се! (ВИДЕО)

Нов рекорд на Дончиќ, Харден уфрли 50 поени, па упропасти се! (ВИДЕО)

Во изминатата вечер се одиграа седум натпревари во НБА лигата, а повторно во центарот на вниманието беа Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

Далас Маверикс славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс со 97:118, а феноменалниот Дончиќ дојде до нов рекорд. Овој пат тој го сруши рекордот по бројот на скокови. Имаше 18 во овој натпревар, но и поентерски ги разби Пеликанс, па натпреварот го заврши со 33 поени, додаде и пет асистенции.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мавси врзаа три победи во низа и во овој момент се четврти тим на Западот.

Хјустон забележа пораз на гости кај Сан Антонио со 135:133. Во овој натпревар се играа две продолженија.

Во еден возбудлив натпревар Лони Вокер погоди шут за три за изедначување 115:115, за потоа Харден да промаши шут за победа. Харден беше трагичар и во продолженијата. Успеа да промаши уште еден шут за победа во првото, за потоа во еден клучен напад да промаши нов шут после кој направи фаул во напад.

Харден овој натпревар го заврши со 50 поени, но со очаен шут од игра (11/38), додека на другата страна Вокер уфрли 28, Форбс 25.

Лејкерси славеа како гости во „Пепси Центарот“ кај Денвер со резултат 105:96.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа незапирливи во Колорадо. Двајцата запишаа по 25 поени, Џејмс додаде девет асистенции и шест скокови, додека Дејвис имаше само 10 скокови. На другата страна Џамал Мареј уфрли 22 поени, Никола Јокиќ немаше баш најдобра вечер и натпреварот го заврши со 13 поени и со само четири погодени шута од игра.

Актуелните шампиони Торонто Рапторс беа поразени на свој терен од Мајами. После продолжението резултатот беша 110:121. Во дополнителните пет минути Рапторси уфрлија само два поени.

НБА резултати:

Кливленд – Детроит 94:127

Вашингтон – Орландо 120:127

Њу Орлеанс – Далас 97:118

Торонто – Мајами 110:121 (после продолженија)

Сан Антонио – Хјустон 135:133 (после продолженија)

Денвер – ЛА Лејкерс 96:105

ЛА Клиперс – Портланд 117:97

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…