Меси повторно ги поместува границите.
Аргентинскиот напаѓач по петти пат во кариерата ја освои титулата за најдобар стрелец во европските прволигашки натпреварувања. Во сезоната во која Барселона стигна до 25. титула во шпанското првенство, а тој сам до деветтиот, беше водечки стрелец во Ла Лига со 34 гола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа му беше доволно не само да ја освои титулата најдобар стрелец во лигата, туку и најдобар стрелец во прволигашките натпреварувања ширум Европа, па така по рекордни петти пат во кариерата ја освои Златната копачка. Се гледа ли конкуренцијата која ја имаше во Шпанија, Меси второпласираниот Роналдо го остави „далеку“ зад себе (португалскиот напаѓач постигна 26 гола), додека најмногу му се „закануваше“ Салах кој постигна 32 гола.
Меси првата Европска Златна копачка ја освои во сезоната 2009/10 со 24 постигнати гола, втората пристигна во сезоната 2011/12 со 50 гола, а година подоцна истата наградата му припадна откако што постигна 46 гола. Во минатата сезона постигна 37 гола.
Во последните девет сезони, Меси само еднаш не беше меѓу најдобрите двајца европски стрелци.