Новак Ѓоковиќ доживеа уште еден неочекуван пораз. Српскиот тенисер во второто коло на Барселона загуби од Словакот Мартин Клижан со 6:2, 1:6, 6:3.
Ѓоковиќ веднаш на стартот од мечот изгуби сервис, а кога во четвртиот гејм не успеа да искористи брејк-топка се сврте кон другиот сет. Таму направи два брејка и го одведе мечот во трет сет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во одлучувачкиот сет немаше брејк-тропки, дури ниту изедначување во сервисот, се до осмиот гејм кого 140 тенисер во светот ја искористи првата брејк-топка за една од најголемите победи во кариерата.
Лошто движење на Ѓоковиќ покажа дека српскиот тенисер се уште во целост не се опоравил од операцијата на лактот.
За Новак ова е веќе петти пораз во сезоната, пети во последните седум натпревари. Во последните три месеци запиша победи само против сонародникот Душан Лајковиќ и Хрватот Борна Чориќ.