Дома Фудбал Нов пораз на Ливерпул, Челзи е во четвртфиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

Нов пораз на Ливерпул, Челзи е во четвртфиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се пласираа во четвртфиналето од ФА Купот откако вечерва со 2:0 на „Стенфорд Бриџ“ го победија Ливерпул.

Лампард и Клоп настапија со измешани состави, а на крајот „сините“ стигнаа до победата и ја продолжија слабата низа на резултати на веројатно новиот шампион на Англија.

После слабото издание против Вотфорд во првенството тимот на Јирген Клоп сега доживеа ново разочарување. Уште на стартот можеше да се види не чека добар натпревар. Домаќинот поведе со 1:0 во 30. минута откако Вилијан шутираше, а Адриан не реагираше баш најдобро.

До крајот на првото полувреме ништо не се менуваше освен тоа што домаќините останаа без Ковачиќ кој се повреди. На почетокот на вториот дел се повреди и Вилијан. Челзи во 64. минута преку Баркли ги постави конечните 2:0.

Видовме и уште неколку одлични шанси за Челзи посебно опасни беа Педро и Жиру, сепак резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…