Дома Фудбал Репрезентации Нов кандидат: Селекторското место на Италија понудено на Клаудио Раниери!?

Нов кандидат: Селекторското место на Италија понудено на Клаудио Раниери!?

ranieri

Човекот кој со Лестер стигна до сензационалнта титула во Премиер лигата, а сега работи во француски Нант доби неочекувана понуда.

Карло Анчелоти одби да седне на селекторското место на „аѕурите“, а наводно Фудбалскиот сојуз на Италија веднаш по одбивањето од овој стручњак се одлучил да го контактира Клаудио Раниери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раниери сеуште не се огласил, се чека одговорот на 66 годишниот стручњак. Раниери оваа сезона со голем успех го води Нант и поради навистина е тешко да се поверува дека ќе го напушти овој клуб пред завршувањето на сезоната.

Од друга страна пак водењето на националниот тим секако е голем предизвик. Пред него е голема одлука, која веројатно брзо ќе ја донесе.

Да потсетиме, претходно отказ на клупата на Италија заработи Џампиеро Вентура кој не успеа да ја одведе оваа селекција на Мундијалот во Русија.

Раниери во својата кариера веќе водеше репрезентација. Во 2014 година тој беше селектор на Грција, но не се прослави. Запиша само еден бод на четири натпревари и брзо беше отпуштен.

Местото селектор покрај Анчелоти веќе го одбија, Роберто Манчини, Масимилијано Алегри и Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…