Дома Останати Кошарка Нов во серијата порази за македонскиот шампион: Игокеа поуспешна во „Јане Сандански“

Нов во серијата порази за македонскиот шампион: Игокеа поуспешна во „Јане Сандански“

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази откако вечерва загуби од Игокеа со 77:68.

За МЗТ ова е 11. пораз во серија , додека Игокеа ја постигна 6. победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Игокеа во поголемиот дел од натпреварот имаа предност, додека МЗТ Скопје само пати во првиот дел имаше предност. Во целото второ полувреме Игокеа имаше предност, а во финишот на дуелот разликата беше и двоцифрена.

Најефикасен на дуелот беше Марко Љубичиќ од Игокеа со 21 постигнат поен, додека кај кај МЗТ се издвои Дамјан Стојановски кој постигна 14 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…