Дома Фудбал Останато Ново шоу на Златан и Вела во дербито на Лос Анџелес: Ибра со два гола покажа кој е „главен“ (ВИДЕО)

Ново шоу на Златан и Вела во дербито на Лос Анџелес: Ибра со два гола покажа кој е „главен“ (ВИДЕО)

Eден од најголемите дерби натпревари во МЛС лигата помеѓу Лос Анџелес ФК и Лос Анџелес Галакси заврши без победник 3:3, а ново шоу приредија Златан Ибрахимовиќ и Карлос Вела.

Натпреварот беше отворен уште во втората минута кога Ибрахимовиќ ја искористи одличната топка во „простор“ и ја затресе мрежата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само 10 минути подоцна Латиф Блесинг возврати, за Ибрахимовиќ слично како и при првиот гол да избегне офсајд замка, потоа да го издрибла голманот и во 15-тата минута да зголеми на 1:2. Само 60 секунди подоцна Павон се запиша во листатан а стрелци за 1:3.

До крајот на првото полувреме, Блесинг намали на 3:2 и ја затвори голеадата од првото полувреме.

Во продолжението видовме помалку ефикасна игра на двете страни, а конечниот резултат го постави Вела во 53-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…