Дома Тенис Ново признание за Роџер Федерер

Ново признание за Роџер Федерер

Федерер е избран за странска спортска личност на годината во изборот на британската медиумска служба „BBC“.

Ова за Швајцарецот е четврти пат да добие вакво признание, со што ги надмина Мухамед Али и Усаин Болт.

Федерер оваа година стана првиот тенисер кој по осми пат го освои Вимплдон и го зголеми рекордот по број на Грен Слем титули на 19.

„Многу сум горд што британската јавност ме избра за странска личност на годината. Неверојатна е поддршката што ја добивам од гледачите во Британија кога и да дојдам. Почестен сум што се наоѓам на листата покрај големи спортисти“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милевска меѓу најдобрите поентерки, ЧСМ ја запиша првата лигашка победа

Андротеа Милевска се врати по повредата со успешен првенствен настап за ЧСМ Букурешт. Маке…